Сите стручни лица се согласуваат дека доењето е најдобро за бебето. Тоа не само што претставува прехранбено најкомплетна храна за бебето, туку има и одредени користи како за бебето така и за мајката.
- Мајчиното млеко содржи антитела кои го заштитуваат бебето од инфекции. За време на првите три - четири дена по пoродувањето, градите почнуваат да лачат жолтеникав секрет наречен колострум, кој е богат со протеини, витамини, минерали и антитела, кои го штитат бебето од инфекции. Ако планирате да го дохранувате со адаптирани млека, одржувајте го доењето во тек на првите шест- осум недели, со што, ќе го заштитите вашето бебе.
- Мајчиното млеко содржи најидеална рамнотежа на прехранбени производи. Колострумот му обезбедува здрав прехранбен почеток на бебето.
- Мајчиното млеко се менува со промена на нутритивните потреби на бебето. Од првото млеко, колострално богато со лесно сварливи протеини, витамини и минерали, се менува во зрело млеко, коe ги задоволува потребите на бебето.
- Доењето обезбедува емоционална сигурност на бебето преку тесната поврзаност на мајката и бебето преку градата. Бебето помалку плаче и побрзо интелектуално се развива.
- Доењето и помага на мајката брзо да закрепне од породувањето. Цицањето стимулира лачење на хормони кои влијаат на брза контракција на матката, полесно согорување на калории и полесна контрола на тежината.