Запознајте го храбриот витез следете ги неговите авантури и доживувања за време на патувањето во Сахара за да го најде неговиот другар - повреденото лавче:

Гласникот дојде во Becutan кралството и му кажа на храбриот витез дека неговото другарче, лавчето кое живее во Сахара е повредено. Витезот недвоумејќи се тргна на својот долг пат за Сахара. Ја опреми својата торба со храна и пијалоци, а од благодетите на Becutan кралство си зема волшебна Becutan торба со паста за заби, пена за миење рачиња и лице, шампонче и пенлива купка и целата колекција за заштита од сонце, зашто на секој храбар витез му е неопходна заштита! Витезот заедно со својот змеј тргна во поход.

Витезот патуваше седум дена и седум ноќи и застана да се одмори крај едно мирно поточе. Долгиот пат сосема го измори и иако беше многу храбар и упорен реши да се одмори под отворено небо, каде вечераше за да биде уште посилен! Ја отвори својата волшебна торба во која имаше бесконечно многу Becutan кремчиња, шампончиња, сапунчиња и сè останато. Омилени му беа шампонот и пенливата купка и веднаш започна да се мие со нив, затоа што иако беше витез, тој сепак беше дете и требаше да порасне! Глувата тишина на ноќта ја прекина еден силен тресок и витезот панично се разбуди.

Витезот се разбуди и здогледа една голема мечка!  Зад неа ситно чекореа неколку малечки мечиња. Витезот бестрашно се исправи и ја погледна големата мечка, посочувајќи ѝ дека е мирољубив и може да ѝ помогне! Мечката пријателски се наведна и му кажа на храбриот витез дека нејзините малечки сакаат да се дечиња, а не мечиња! Затоа, ѝ требало сè она што им треба на малите дечиња, почнувајќи од пелени! Витезот ѝ раскажа за својот поход кон Сахара, за својот најдругар-лавчето кое стои на пелените и ѝ подаде големо пакување Becutan пелени за нејзините малечки. Мечиња во пелени? Звучи смешно, а изгледа сосем забавно!  Витезот и мечката продолжија да разговараат до првата мугра кога таа му покажаа пократок пат за да стигне во Сахара! Дали мечката му го покажа вистинскиот пат на витезот? Што ќе се случи следно? 


Како ќе продолжи оваа авантура на храбриот витез, следете ги и социјалните профили Becutan на Facebook и Instagram и дознајте!