Како да ја заштитите кожата од оштетување:
- Избегнувајте изложување на штетни фактори од средината (јаки сапуни, средства за бањање за возрасни, нанесување на средства, кои не се наменети за бебешка кожа).
- Намалете го контактот со штетните фактори (урина, измет).
- Пелените треба да се менуваат често.
- Миење на кожата со млака вода, нежно впивање на водата од кожата особено во прегибите и да се избегнува нејзино триење.
- Користете благи сапуни и купки специјално наменети за бебешка кожа.
- Веднаш по секое миење со вода на добро исушена кожа нанесете заштитна крема специјално наменета за нега на бебешка кожа.
- Користете бела памучна облека.
- Не го претоплувајте вашето бебе, како што сте облечени вие, така облекувајте го и бебето• Одржувајте нормална температура и влажност во просторијата. Се препорачува температурата во просторијата да биде од 20 – 21 степен во зимските месеци.
- Избегнувајте изложување на бебето на многу студено, ветровито време во зимските месеци или јако сонце во текот на летните месеци.
- За заштита од сонце користете специјални креми за детска кожа со УВА и УВБ заштитен фактор минимум 15.
Одржување на здрава кожа како и превенција од изложување на токсични супстанции се предуслов за здрава кожа подоцна во животот.