УВ индексот е развиен од Американската национална метеролошка служба и од Американската агенција за заштита на средината, со цел да се обезбедат информации кои би биле од корист при планирање на одредени активности и превенирање на опасноста од прекумерното изложување на сончевите зраци.
УВ индексот се одредува секојдневно и ја предвидува јачината на УВ зрачењето, кое доаѓа до површината на земјата, и тоа на скала од 1 до 11+. 1 значи низок ризик, а 11+ претставува екстремен ризик. При негово одредување се земаат во предвид повеќе фактори како што се: степенот на облачност, висината на сонцето, географската ширина, надморската висина, присуството на озон во атмосферата, рефлексија од одредени површини и други локални услови кои влијаат на УВ радијацијата која стигнува до површината на Земјата.
УВ индексот варира во текот на денот. Така, во летните месеци наутро и навечер е низок ризикот од УВ зрачењето, до 11 часот и после 17 часот е умерен, а највисок е во пладневните часови.
УВ индекс |
Ризик |
|
Препораки |
помал од 2 |
Низок Ризик |
Постои можност снегот да ја зголеми рефлексијата и да доведе до оштетување на кожата и очите. |
Користете креми со заштитен фактор. Во сончеви денови носете очила за сонце |
3-5 |
Умерен ризик |
Ова е чест пример кога времето е облачно, но спека внимавајте бидејќи 80% од УВ зраците може да поминат низ облаци. |
Користете очила за сонце со заштита од ув зраци. Користете креми со соодветен фактор. |
6-7 |
Висок ризик |
Особено деца се чувствителни на појава на изгореници при невнимателно изложување на сонце кога УВ индексот е со висок ризик. |
Практикувајте да носите лесна бела памучна облека. Користете креми со соодветен заштитен фактор. Престојувајте во сенка. Ограничете го престојот на отворено во периодот од 11-16 часот. |
8-10 |
Многу висок ризик |
Многу лесно може да дојде до оштетување на кожата. |
Бидете внимателни кога сте на плажа бидејќи песокот и водата дополнително го зголемѕваат ув индексот. Користете средства со соодветен заштитен фактор. Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11-16 часот. |
11+ |
Екстремен ризик |
Многу лесно може да дојде до оштетување на кожата, а светла кожа гори само за неколку минути доколку не е соодветно заштитена. |
Превземете целосни мерки за заштита (нанесете крем со висок заштитен фактор, покријте го телото на детето со бела памучна облека, задолжително заштитете ја главата со капа и носете очила за сонце со УВ заштита)- немојте да престојувате на отворено во преиодот од 10-16 часот. |