Основни препораки за заштита од сонце
- Ограничете го престојот на сонце во пладневните часови.
- Побарајте сенка.
- Носете лесна, бела памучна облека.
- Носете шешир да го заштитите лицето, очите и вратот.
- Носете очила за сонце.
- Користете заштитна крема со минимум СПФ 15 и со заштита од УВА и УВБ зраци.
- Колку е повисок факторот, толку подолготрајна и поголема е заштитата, но НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТНА КРЕМА ЗА ДА ГО ПРОДОЛЖИТЕ ПРЕСТОЈОТ НА СОНЦЕ!!
- Нанесете заштитна крема барем 20 минути пред изложување на сонце.
- Повторете го мачкањето после 2 часа.
- Имајте на ум дека креми отпорни на вода се тие чиишто заштитен фактор е отпорен, барем 40 минути при изложеност на вода.