Нов Becutan органски чај од сладок анасон без додадени шеќери


Новиот Becutan органски чај од сладок анасон е создаден со многу грижа и љубов за нашите малечки. Чајот содржи 100 % органски плод од сладок анасон без додадени шеќери, ароми и без глутен. Плодот од слаткиот анасон го поддржува варењето на храната и помага при надуеност. Слаткиот вкус, кој овој плод природно го има, го прават чајот ароматичен и допадлив за најмалите, но и за возрасните кои сакаат да уживаат во шолја природен чај со многу придобивки. Чајот се приготвува со свежо зовриена вода, во која ќесичката треба да отстои 5 – 10 минути, а може да се пие и топол и ладен. Сто проценти сладок анасон и вкус во кој нашите деца стопроцентно ќе уживаат.

Достапност:

Достапен е во пакување со 30 филтер-кесички, секоја по 2 g.

Email Facebook LinkedIn Tumblr