Becutan пенливо средство за капење 

Нов јубилеен дизајн


Becutan пенливото средство за капење е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Се препорачува за употреба уште од самото раѓање. Темелно ја чисти и негува кожата, не иритира.

Благодарение на посебните хидратантни состојки, дури и при често капење, не ја исушува чувствителната бебешка кожа.

Новороденчињата доаѓаат на свет покриени со креместа обвивка, наречена Vernix caseosa. Оваа обвивка има функција да ја штити нивната кожа во текот на целата бременост. Со цел да бидеме што поблиску до негата на која се навикнати бебињата во стомакот на мама, Becutan пенливото средство за капење содржи Glyceryl oleat - природна состојка која е составен дел на Vernix caseosa, што особено придонесува во одржувањето на заштитната функција на бебешката кожа.>

За капење на Вашето бебе идеална температура на водата е 36°C. Температурата на просторијата пожелно е да се движи во интервалот од 22-24°C.

По капењето, водата од косата и телото на бебето впијте ја со нежно тапкање. Притоа, користете мека, фротирна крпа.

Уживајте додека го капете Вашето дете, тоа се моменти на радост и зближување.


  • Не содржи сапун;
  • не содржи алкохол;
  • не содржи парабени;
  • клинички тестиран;
  • развиен во соработка со дерматолози и педијатри;
  • препорачлив е за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти;
  • има приспособена pH вредност.

Достапност

200-400ml

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи