Becutan sensitive влажни марамчиња



Детската кожа е исклучително нежна и чувствителна и затоа бара посебна нега и внимание, осoбено оние делови кои се во контакт со пелената. Со цел да се избегне и превенира појавата на црвенило и иритација во пеленската регија, неопходно е кожата да се чисти и негува при секое повивање. Влажните марамчиња се одлично решение за тоа, посебно во услови кога водата и сапунот се недостапни.

Влажните марамчиња Becutan Sensitive содржат благ непарфимиран лосион збогатен со екстракт од алое вера. Лосионот претставува блага хидратантна емулзија којашто лесно се апсорбира во кожата, ја негува и ја заштитува од сушење, со избалансирана . Екстрактот од алое вера со своето хидратантно и смирувачко дејство ја заштитува кожата од појава на црвенило и на иритации, а извонредно меката структура на самото марамче дополнително го подобрува ефектот, при што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.

Благодарение на новата структура влажните марамчиња Becutan Sensitive имаат двојно поголема површина во споредба со стандардните, што овозможува уште полесно и поефикасно искористување на марамчето за одржување хигиена и нега на сите делови од детската кожа.

  • Дерматолошки тестирани;
  • со избалансирана pH вредност блиска до pH вредноста на детската кожа;
  • не содржат парабени;
  • не содржат алкохол;
  • не содржат парфем;
  • со алое вера;
  • се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа

Достапност:

45pcs

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи