Becutan млекото за сончање во спреј, со заштитен фактор 20, има исклучително блага формулација и е наменет за заштита на кожата од штетното дејство на УВА и УВБ - зраците, кај најмладата популација. Becutan млекото со СПФ 20, лесно се нанесува и овозможува оптимална заштита на кожата на дечињата кои вродено имаат потемен тен, или пак за деца со светол тен, но во поодмината фаза на сончање. Антиоксидантното дејство на витаминот Е на природен начин ја заштитува кожата од штетното влијание на слободните радикали, кои се создаваат под дејство на сончевите зраци, а Д-пантенолот ја спречува дехидратацијата на нежната детска кожа и помага во нејзиното обновување. Формулацијата е клинички тестирана. Не содржи минерални масла, боја и алкохол. Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце или по секое капење.
- Блага формулација;
- Содржи витамин Е;
- не содржи минерални масла;
- не содржи боја;
- не содржи алкохол;
- клинички тестиран.
Достапност:
150ml