Becutan Sensitive – Head to toe cleansing baby oil

Маслена купка за особено чувствителна кожа, со единствен состав, која се базира на внимателно избрана комбинација од природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла се богати со масни киселини омега 3 и омега 6, кои ѝ припаѓаат на групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природната липидна рамнотежа на кожата и дека придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција.

Растителните масла бргу се апсорбираат во кожата и придонесуваат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат врз подобрување на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно и антиинфламаторно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата, и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во кожата.

Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса.

Email Facebook LinkedIn Tumblr