Becutan Sensitive – Nourishing baby milk

Нашата нова формулација на млекото Becutan Sensitive интензивно ја негува и ја хидратизира особено чувствителната бебешка кожа и придонесува за брзо обновување и за одржување на бариерната функција на кожата.

Изборот на состојки е од природно потекло и претставува комбинација со моќно потхранувачко дејство, какви што се шеа-путерот, бадемовото масло, кокосовото масло и глицеринот, кои лесно навлегуваат во површинските слоеви и овозможуваат длабока хидратација на особено чувствителната кожа, чија склоност кон појава на знаци кои ја карактеризираат како сува е значително поизразена во споредба со нормалната кожа.

Во комбинација со емолиентите учествуваат во одржувањето и во заштитата на површинскиот слој на кожата и придонесуваат за исклучителна нега на целото тело.

Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса.

Email Facebook LinkedIn Tumblr