Маста Becutan со рибино масло содржи висок процент на рибино масло богато со витамин А, неопходен за правилно формирање на епидермисот и за одржување на неговата природна заштитна функција, на што особено треба да се внимава при нега на кожата кај новороденчињата. Воедно ја помага и ја забрзува регенерацијата на иритираната кожа. Хипоалергената формулација штити од појава на сува, црвена и надразнета кожа.
Ја храни сувата кожа правејќи ја мазна и еластична. Се нанесува на чиста и сува кожа, во тенок слој, со благо триење два- до четирипати на ден.
Се препорачува за:
- - нега и заштита на бебешката кожа;
- - заштита на кожата од поjава на осип и иритациjа во пределот на пеленската региjа;
- - нега на кожа склона кон сушење, пукање и лупење;
- - превенциjа од поjава на црвенило по кожата, предизвикано од триење и од потење;
- - нега на кожата по сончање.
Сите производи од колекцијата Becutan Sensitive се клинички и дерматолошки докажани во EU-лабораторија, во Италија, тестирани под надзор на дерматолози, следејќи ги принципите за добра клиничка пракса.