Заеднички ја започнуваме приказната за „Ритуалите на малата принцеза“. Нејзините авантури и доживувања, како и сите предизвици со кои ќе се соочува се резултат на Вашата имагинација:

Малата принцеза седеше сама во Becutan кралството откако храбриот витез веќе беше заминал на долгиот пат до Сахара. Таа знаеше дека токму денес во големото кралство на Becutan се припрема голем, свечен бал затоа што кралството слави 40 години постоење! Принцезата сакаше да изгледа најдобро што може и затоа побрза да го започне својот ритуал! Стана од креветот, ги протри очињата и отиде до тоалетот каде ги изми своите запчиња со Becutan пастата за заби. Со лесен потег притисна врз пумпата на пената за раце и лице и се изми. На лицето стави од хидратантното кремче на Becutan и се погледна во огледалото – оној сјај на нејзината нежна кожа е тоа што ја прави витинска принцеза! 

Откако принцезата го заврши својот утрински ритуал, таа возбудено истрча до својот плакар и со нетрпение го извлече нејзиниот омилен балски фустан! Со особен сјај во очите се протна во фустанот и се погледна во огледалото. Она што можеше да го види ѝ годеше – горда, силна и храбра принцеза! Тоа беше она што сакаше да го види уште кога беше малечка и беше сè она на што ја учеа: да биде негувана и паметна, да се грижи за себе и за останатите! Погледот ѝ беше запнал во огледалото неколку минути кога се сети – за малку ќе заборавеше да се напрска со Becutan детската тоалетна вода! Од шишенцето, по двата кратки стисоци, се рашири прекрасна миризба. Принцезата веќе со нетрпение ги броеше минутите до големиот бал во дворецот на Becutan. Сакаше да пристигне што побрзо, да се запознае со нови луѓе и да го раскаже она за што копнееше луѓето да го чујат! 

Во големото Becutan кралство највешт во играње криенка беше малиот принц, братот на нашата принцеза.  Тој се беше сокрил и веќе неколку дена никој не можеше да го пронајде. Нашата малечка принцеза шетајќи се низ замокот на Becutan случајно налета на отворената врата од собата на својот брат. Една светла искра ѝ светна во очите - го насочи погледот кон истурената Becutan пудра за деца и низ неа мали чекори кои ги означила обоената прашина.  Немирот си поигруваше со нејзиното руменило и не ќе успееше уште долго да ја скрие возбудата дека конечно сфати каде и како се крие принцот! Се загледа во портокалите кои тромаво отскокнуваа во далечина, управувани од рацете на еден невешт жонглер. Жонглерот имаше бело, напудрено лице низ кое му наѕираа пеѓите. Го оддадоа чевличките со две копчиња по страните. Имаше што да им раскаже на гостите. -Го гледате жонглерот? Тој е нашиот принц. Маскиран принц. Го пронајдов! 
Принцот се протресе, го избриша белиот прав од своето лице и се поклони. Сестра му секогаш била вешта во откривање на траги и од неа не можеше да скрие тајни. Но, затоа принцезата имаше една… 

Која е големата тајна на нашата принцеза? 

Бидете во тек со неделните продолженија од приказната и на социјалните профили Becutan на Facebook и Instagram.